| |
Копенхаген сака да им овозможи на сите свои жители и на посетителите да сурфаат на безжичен интернет на улиците во данската престолнина, пишува данскиот дневен весник „Берлингске тиденде“. Мнозинство во општинскиот совет на Копенхаген сака да постави таканаречени „хотспотс“ за бежична мрежа, за почеток на неколку големи улици во централните градски квартови. Претседателот на данските социјалдемократи во Копенхаген вели дека политичарите мора да дадат придонес за да се спречи зголемувањето на нееднаквоста при што одредени групи и поединци се исклучуваат од информатичкото општество. | |
Данците ќе можат да сурфаат бесплатно на интернет во Копенхаген
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)