-->

Барак Обама му честиташе на Ѓорѓе Иванов

Американскиот претседател Барак Обама испрати писмо со честитки до Ѓорге Иванов по повод неговиот избор за претседател.

- Со големо задоволство ја очекувам нашата заедничка соработка за влез на Македонија во НАТО алијансата и продолжување на патот кон европската интеграција, наведува Обама во писмото, што го лиферуваше Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

- Вашата нација веќе на дело ја покажа искрената посветеност и придонес кон нашата заедничка безбедност и Соединетите Американски Држави се особено благодарни за поддршката на Вашата Влада во Ирак и Авганистан, стои во писмото што претседателот на САД Барак Обама го испрати до новоизбраниот македонски претседател Иванов.

 

Copyright © 2009 selotejp.com