-->

Православна црква отвара ноќни клубови

Руското православие би можело да стане руско право - забавување. Тамошната православна црква ја разгледува идејата за основање на православни клубови, кои би биле отворени до 4 часот наутро.



Како што пренесува руската Верска информативна агенција (VIA), претставникот за односи со социјалните институции на руската патријаршија објаснил дека во православните ноќни клубови, кои имаат намера да ги отворат, на младите ќе им прикажуваат филмови за кои после тоа ќе се дискутира.

За сите кои прерано се понадевале и мечтаеле за сите варијанти на дискутирање со згодни Русинки во 4 наутро, црковниот гласноговорник додал дека во православните клубови нема да има стриптиз и дека нема да се точи водка.

Архиепископот Ilarion Alfejev (42), кој раководи со надворешните работи на црквата е еден од најблиските соработници на патријархот Кирил, ја истакнал потребата за ’разновидноста на мисионерската политика и форма на црковен дијалог со младите’. Тој оценил дека младите доаѓаат во дискотеките на рок концерти па дека и црквата треба да биде присутна.

На свештениците им се препорачува да излезат од ѕидините на своите храмови и да тргнат во пресрет на луѓето а посебно на младите.

Како што се напоменува во московската патријаршија, патријархот Кирил ги подржува новите форми за работа со младите, пренесува VIA.

 

Copyright © 2009 selotejp.com