Ирански научници клонираа коза и планираат експерименти со кои се надеваат да откријат лек за мозочниот удар.
- Хана родена е вчера во градот Исфахан, со што Иран е петта земја во светот која клонирала коза, изјави раководителот на Истражувачкиот институт во Ројан, д-р Мохамед Хусеин Наср.
Во 2006 година Иран беше прва блискоисточна земја што клонираше овен. Иранската програма за клонирање поддржана е и од шиитските духовни водачи, но само на животни, а не и на луѓе. Сунитските религиозни лидери, пред се во Саудиска Арабија го забрануваат клонирањето.
Клонирањето на овци и други животни може да доведе до напредок во медицинските истражувања пред се за изнаоѓање на лек за болестите на човекот.
Во 1996 година британските научници ја клонирааа првата овца - Доли, која живееше шест години.