Животното е дел од леглото од пет клонови, генетски модифицирани така што благодарејќи на флуоресцентниот протеин ослободуваат црвена светлина при изложеност на УВ зраци.
Че Мјонг Ко, еден од членовите на тимот од британскиот Универзитет во Лексингтон, смета дека овој необичен експеримент во наредната фаза има за цел добивање модели на некои болести.
Истражувачите се надеваат дека ќе можат да произведуваат животни носители на човечки болести т.е. „модели“, кои ќе помогнат во брзо изнаоѓање на ефикасни начини на лекување.
Оваа техника меѓутоа наидува на критики на еден број научници, кои сметаат дека клонирањето и генетската манипулација се непотребни, бидејќи кучињата веќе служат како модели за многубројни патолошки болести, меѓу кои се и ракот, нарколепсијата и слепилото.