-->

Косилка која се допишува со сопственикот

Компанијата Husqvarna направи косилка за трева која автоматски си ја брка работата, а доколку налета на некој проблем, на сопственикот му праќа смс порака.

Љубителите на уредните и искосени тревници кои ги мрзи да косат, спасот можат да го најдат во Husqvarna Automower 260 ACX автоматската косилка. Automower самостојно го проаѓа тревникот и може да коси еден час, колку што трае нејзината батерија. По само 40 минути полнење, во состојба е да продолжи со нејзината работа.

За време од еден час, Automower може да покоси околу 2.000 метри квадратни, притоа избегнувајќи препреки кои можат да се најдат на патот. Доколку налета на проблем при работата, робото може да се програмира да му прати смс порака на сопственикот со предупредување дека не може да продолжи со работа.

Единствениот проблем би можела да биде цената, бидејќи ваквиот луксуз за косење трева чини 4.000 евра.

 

Copyright © 2009 selotejp.com