-->

Водич за детска исхрана

Мајчиното млеко е најдобра исхрана, па затоа дојте го вашето дете додека е тоа возможно, бидејќи блискиот топол допир со мајчиното тело на бебето му дава чувство на сигурност и спокој, што многу поволно делува на неговиот емоционален развој.

Забележани се многу случаи кога мајката не може да го дои своето бебе или нема доволно млеко. Тогаш е потребно да се прихранува или да се храни исклучиво со шише.

Со цел да им се помогне на мајките со вакви проблеми, на пазарот се среќаваат различни видови храна за новороденчиња. Таквата храна е создадена по најновите сознанија од областа на диететиката и препораките на педијатрите, со современи технолошки постапки и строго контролирана бактериолошка исправност.

Не чудете се пред широкиот избор храна за вашите најмали и најмили. Одлуката за тоа, која храна е најдобра за вашето бебе, препуштете му ја на педијатарот кој ќе одлучува во рамките на специфичните потреби на детето.

Неколку практични совети


Количината и бројот на оброците одредете го врз основа на возраста, телесната тежина и апетитот на вашето бебе. И не заборавајте: во првите две недели, вашето бебе сигурно не може да го испие целиот оброк. Не настојувајте да му го додадете до крај.

Секогаш подготвувајте свеж оброк со зовриена топла вода. Веќе приготвените оброци не смеат да се варат за да не ги изгубат хранливите состојки што ги содржат.

Шишето секогаш држете правилно, така што цуцлата да биде полна со млеко за да не може детето да голтне воздух кој потоа му создава проблеми и го надувува неговото стомаче.

 

Copyright © 2009 selotejp.com