-->

Расте и расте...

Според резултатите од истражувањето на comScore, микро-блогерскиот сервис Twitter само во текот на месец март забележал пораст во бројот на корисници од дури 131%.

Податоците говорат дека Twitter ја зголеми својата база за околу 5 милиони нови корисници.

Една од главните причини за се поголемата популарност на Twitter е неговото се позачестено појавување во медиумите, а вистински бум за Twitter направи и трката помеѓу Ештон Качер и CNN, кои влегоа во отворена трка за тоа кој прв ќе освои 1 милион "следачи".

Секако, во трката победи младиот Еш, кој до моментов успеа да "закачи" дури 1,349,303 корисници.

Истражувањето на comScore ни открива уште еден интересен податок кој говори дека Twitter го користат претежно постарите интернет корисници. Па така, корисниците помеѓу 18 и 24 години се 12% помалку активни од просечното време на користење на Twitter, додека корисниците помеѓу 45 и 54 години - поминуваат дури 36% повеќе време од просекот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com