Република Северна Македонија е разумен компромис за име за меѓународна употреба. Вакво можно решение СДСМ ќе го поддржи, вели ве де лидерот на партијата Зоран Заев. По денешната прва средба со новоизбраниот претседател, Иванов, Заев кај него препознал волја за решение на спорот со Грција. Очекува дека и Владата ќе ретерира од двојната формула за да може годинава да се затвори ова прашање.
Иванов пак, очекува конструктивност од опозицијата, пред се за прашања од државен интерес. Вели дека со Заев не зборувале за детали, туку само за поддршката што СДСМ ќе треба да ја демонстрира за стратешките прашања.
Новоизбраниот претседател, серијата консултации денеска ја продолжи и со лидерот на нова демократија, Имер Селмани.
Претходно од државната изборна го доби и уверението за избор на претседател.
Најавува новини за чинот на инаугурација.
На функцијата претседател Иванов ќе стапи на 12 мај.