-->

Сашко Костов со девет концерти во Босна, Хрватска и во Србија

Велешкиот автор, инструменталист и пејач Сашко Костов на 22 април ќе ја почне својата прва балканската турнеја што ќе заврши на 3 мај, а опфаќа девет настапи во Босна и Херцеговина, Хрватска и во Србија.

Првата изведба од низата ќе се случи во Сараево, Костов потоа оди во Бања Лука, Сплит, Каштел Стари, Вараждин, Загреб, Сомбор, додека последниот концерт ќе се одржи во новиот културен центар „Град“ во Белград. На овие свирки, 27-годишниот музичар пред публиката ќе го претстави албумот од 2007 година. Точка на турнејата Костов ќе стави во скопскиот клуб „Ритокс“ на 3 мај.

Освен песните од второто цеде I Am Losing My Mind, што велешкиот кантавтор самостојно го објави пред две години, на неговите концерти ќе можат да се чујат и песни од ланското ЕП-издание „Вертиго“, што го промовира „ПМГ рекордингс“. Костов ќе изведе и дел од нумерите што ќе се најдат на неговото второ цеде чие излегување би требало да се случи до крајот на годината. Сашко Костов се занимава со музика од 1995 година. Негов прв бенд е „Куќен совет“, во кој свирел тапани и придружни вокали. Во составот е до 1999, а една година подоцна настапи на „Макфест“ и се пласира во финалето. Во 2001 година ја основа групата „Бед сектор“ со која објави два студиски албума. Од 2004 е соло-изведувач. Истата година излезе и неговото прво цеде, „Амајлија“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com