-->

Себастијан Фетел најбрз во Кина

По победата на трката во шампионатот од Формула 1 за Големата награда на Кина, возачот на екипата на Ред Бул, Себастијан Фетел не го криел воодушевувањето од својата втора победа во кариерата, која како и првата е остварена на дожд.

"Болидот одлучно ме слушаше и затоа сум и благодарен на целата екипа која работеше на негово подобрување" - ја започнал приказната победникот во Шангај и продолжил:

"Мислам дека одлуката трката да започне со сејфти кар беше исправна бидејќи условите навистина беа тешки. На стазата имаше премногу вода и се чинеше дека секој момент можете да излезете од стазата, бидејќи видливоста беше лоша. На моменти беше навистина лудо да се вози оваа трка." додал 21-годишниот Германец.

 

Copyright © 2009 selotejp.com