Граѓанската асоцијација МОСТ соопшти дека сите избирачки иместа каде оваа асоцијација имала свои набљудуачи се затворени навреме.
Во соопштението од МОСТ се наведува дека во текот на денот нивните набљудувачите констатирале повеќе случаи на семејно гласање на 11 гласачки места во општина Долнени, како и на три гласачки места во општина Студеничани, каде е забележано и нарушување на тајноста на гласањето во повеќе наврати. Во Долнени, забележани се и повеќе случаи на исти лица кои им помагаат на гласачите, се наведува во соопштението.
Граѓанската асоцијација МОСТ, најавува дека ќе го следи и броењето на гласовите и табелирањето на резултатите.