-->

Фара Фосет во критична состојба

Актерката Фара Фосет која три години се бори со ракот на дебелото црево заврши во болница во Лос Анџелес во критична состојба. Актерката не е при свест, а со неа се нејзиниот долгогодишен партнер Рајан О'Нил и синот Редмонд.

62 годишната Фара неодамна се врати од Германија каде беше подложена на експериментална терапија, но се чини дека и ова беше неуспешно. Извор близок на актерката изјави дека таа е во критична состојба и не се знае дали ќе преживее.

Фосет заболе од рак во 2006 година, а во еден момент беше и излечена, но болеста се врати. Нејзиниот проблематичен син Рејмонд минатата недела побегна од рехабилитацискиот центар каде се лечеше од зависност.

 

Copyright © 2009 selotejp.com