-->

Мобилен со десет сим картички

Дуал сим мобилните телефони не се ништо ново, а пред извесно време се појави и првиот телефон со три сим картички. Но, Нокиа не би била Нокиа, доколку не направи уред како во случајов, кој повеќе наликува на мобилна телефонска централа и има можност за користење на дури десет сим картички истовремено.

Веќе протекоа и првите фотографии од уредот кој сеуште не е официјално објавен, а според информациите станува збор за паметен телефон со 4,8 инчен дисплеј на допир прекриен со стакло отпорно на гребење, процесор од 633 MHz, камера од 5 мегапиксели, вграден ГПС приемник и батерија со јачина од 2000mAh. Внатрешната меморија изнесува дури 500 гигабајти, што е уште еден рекорд во однос на конкуренцијата кога е во прашање складирањето на податоци во мобилните уреди.

Новитет е и што наместо оперативниот систем Симбиан кој е редовна пракса кај паметните телефони на Нокиа, финскиот производител се реши за прв пат токму кај овој телефон да го вгради оперативниот систем Џуманџи, кој со години успешно се покажа кај телефонските централи на Нокиа, но сега е прилагоден во верзија за мобилни уреди.

Телефонот не е наменет за обичните корисници, туку за бизнис корисниците кои имаат потреба од повеќе телефони. Очекуваната цена е околу 900 долари, а треба да се појави во продажба некаде околу 1-ви април наредната година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com