-->

Нова флота за Марс

Руската вселенска агенција на јавноста вчера и ги претстави плановите за целосно нов развој на вселенските летала. Проектот засега нема име кое полесно ќе го запаметите, освен кратенката ППТС (перспективен пилотирано-товарен систем). Во рутинските летови би требало да се воведе за десеттина години. Леталата се наменети за вселенски летови, од орбитални, преку патувања до Месечината, до интерпланетарни експедиции, како што во неодамнешното итнервју за Итар-Тас нагласи директорот на Роскосмос, Александар Краснов.

Станува збор за темелен дизајн кој нема да трпи значајни промени ниту за мисиите за спуштање на луѓе на Марс. Темелите на дизајнот се содржат во капсулата за шест луѓе. Таа на Земјата ќе се спушта со помош на падобрани, како и досегашните тесни кабини на леталата Сојуз наменети за тричлен екипаж. На другите небесни тела ќе се спушта со помош на додадените реактивни мотори. Орбиталната верзија ќе биде тешка 12 тони, а со полн екипаж ќе може да понесе и половина тон товар.

Месечевата верзија ќе биде тешка 16.5 тони, ќе има четири пилоти и во секој дел ќе може да понесе сто килограми товар. Предвидена е и беспилотна теретна верзија на ова летало со можност за пренесување на двотонски товар која ќе ги замени бродовите од типот Прогрес.

За потребите на овие летала кои ќе можат да се поврзат во поголеми орбитирачки објекти предвидени се и четири нови типови на лансирни ракети. Основниот концепт на Сојуз е стар повеќе од четири децении, а и покрај тоа и ден денес е „чамец за спасување“ на екипажот на Меѓународната вселенска станица (ISS). Сепак, Сојуз не издржува без некој дефект подолго од половина година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com