-->

Салма Хајек ќе снима филм според книга на Маркес


Снимањето на филмот според книгата „Вест за едно киднапирање“ од колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес ќе започне во октомври, најверојатно со Селма Хајек во главната улога, објави во Њујорк продуцентот на филмот Едуардо Константини.

Аргентинскиот продуцент рече дека мексиканскиот режисер Пабло Педро Ибара ќе сними филм со сонародничката Селма Хајек која се уште не потпишала договор.

„Селма Хајек многу е заинтересирана за проектот, а сценариото ја воодушеви“, нагласи 32-годишниот Костантини.

Следната недела официјални понуди ќе бидат упатени и на други актери, меѓу кои се споменуваат имињата на Бенисио дел Торо, Хавиер Бардем, Викторија Абрил и Кармен Маура.

Замислата за филмот се роди во 2002 за време на средбата на продуцентот и писателот на филмскиот фестивал во Хавана. Сценариото го прилагоди Аргентинката Аида Бортник.

 

Copyright © 2009 selotejp.com