-->

’Тивкиот’ инфаркт е многу почест


„Тивкиот“ инфаркт на срцевиот мускул, кога изостануваат вистинските симптоми, е почест отколку што се мислеше, покажа едно испитување базирано врз нова технологија за снимање на срцето.

Скоро 200 илјади луѓе во САД секоја година доживуваат срцев удар, а за тоа не знаат, бидејќи не чувствуваат болка, или чувствуваат болка но ја припишуваат на други причини, вели Хан Ким, кардиолог на медицинскиот факултет при универзитетот Дјук, во Северна Каролина, водач на истражувањето објавено во магазинот PLoS Medicine.

Таквите прикриени инфаркти не можат да се утврдат со ЕКГ. Новата постапка за снимање на срцето со високо резолуциска или таканаречена забавена магнетна резонанца (ДЕ-ЦМР) се чини соодветна за откривање на оштетувањата предизвикани од тие незабележливи инфаркти, бидејќи системот овозможува откривање на разликата меѓу здравото и оштетеното ткиво.

Научниците во текот на истражувањето со оваа постапка прегледале 185 пациенти кои имале предиспозиции за срцеви болести, но не доживеале срцев удар.

Кај 35 проценти од испитаниците тие откриле знаци на “тивок“ инфаркт. Станува збор за инфаркт при кој изостанува бранот Q, кој, пак, на ЕКГ ги прикажува оштетувањата на срцевиот мускул.

Овие инфаркти се три пати почести од видливите и биле потипични за испитаниците со потешки срцеви тегоби.

 

Copyright © 2009 selotejp.com