-->

Силен земјотрес регистриран на Суматра

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени по Рихтеровата скала утрово го погоди индонезискиот остров Суматра, не нема информации за материјалната штета и евентуални човечки жртви.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 8,5 километри, но нема опасност од цунами.

Индонезискиот архипелаг се наоѓа во „огнениот прстен“, каде што се допираат нестабилни гигантски плочи на земјината кора под Азија и Пацификот, додека под Хималаите се наоѓаат расцепите со кои во подземјето се одвоени европските и источноазиските територии.

На 26 декември 2004 година земјотерс со интензитет од 9,3 степени по Рихтеровата скала ја погоди Суматра. Земјотерсот предизвика цунами што ги погоди државите околу Индискиот Океан, при што загинаа 220.000 луѓе, од кои 168.000 во индонезиската провинција Ацех.

Во септември 2007 година земјотрес со интензитет од 8,4 степени по Рихтер предизвика серија потреси на западниот брег на Суматра, при што загинаа 23 луѓе.

 

Copyright © 2009 selotejp.com