Сојата дефинитивно им помага на жените
Жените кои во својата исхрана често користат производи од соја имаат помали изгледи од рак на дојка. Меѓународното здружение на лекари и микробиолози тврди дека нивното најново истражување за влијанието на сојата врз здравјето на жената ја потврдува хипотезата дека ова растение штити од овој тип рак.
Резултатите од истражувањето на научната група, составена од научници од Националниот универзитет во Сингапур, Британскиот институт за рак и Американскиот центар за малигни заболувања, покажаа дека токму исхраната богата со соја е причината за малата стапка на рак на дојка кај кинеските и јапонските жени.
Истото истражување е спроведено и врз 406 жени од Сингапур. Жените биле поделени во две групи според тоа колку често јадат производи од соја, како и според составот на ткивата во градите, утврден со мaмографија.
Истражувачите заклучиле дека 60 отсто од жените кои внесуваат значајни количини на протеини од соја имаат помали шанси на дојките да им се развие ткиво кое вообичаено се поврзува со висок ризик за заболување од рак.
-Истражувањето за прв пат покажа колкаво влијание може да има сојата врз развојот на рак на дојка и како исхраната богата со овие производи може да делува превентивно, вели др. Стивен Дафи од Британскиот институт за рак.
Сојата е богат извор на естроген за кој е утврдено дека претставува своевиден силен штит кој ја спречува појавата на ракот на дојка кај животните. Со користење соја во исхраната се зголемува нивото на естроген во организмот, а како контраиндикација на тоа може да дојде до продолжување на менструалниот циклус.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)