-->

МекКен Ериксон Скопје добитник на престижна меѓународна награда

Скопје, 23 април, 2009 година. Агенцијата МекКен Ериксон Скопје уште еднаш ја докажа својата супериорност, упорност и креативност на овогодинешниот Медиа Фестивал во Валенсија, Шпанија.



Понесувајќи ја престижната награда за креативност која ја доделува жирито, а е спонзорирана од Euronews, кампањата за подигнување на јавната свест за ракот на тестиси со наслов “Провери ги!” , за клиентот Веритас Спирити, уште еднаш докажа дека креативноста и ефикасноста одат заедно при креирањето на рекламните кампањи.

Во силна конкуренција помеѓу светските брендови како што се Axe, Coca-Cola, Microsoft, the Wall St Journal, BBC и Barack Obama, кои се бореа зa најпрестижните награди на фестивалот, Македонија успеа пред сé да влезе во номинаците, а потоа и да понесе една од најпосакуваните награди.
По дводневна дебата на жирито составено од 28 адвертајзери, комуникациски експерти и претставници на светските медиуми беа номинирани 650 учесници во различни категории, од кои само 18 беа прогласени за победници. Во номинациите влегоа 52 земји со регионални кампањи од Европа, Америка и Азија. Најмногу номинации доби Америка (33), потоа, Велика Британија, Канада, Германија, Индија и Кина.



Г-динот Владимир Димовски, генерален директор на МекКен Ериксон Скопје изјави: “Пред сé би сакал да им честитам на сите оние кои беа номинирани и кои се закитија со награди. Иако конкуренцијата беше огромна, ми претставува задоволство што токму МекКен Ериксон Скопје ја понесе оваа награда. Ова претставува големо признание за нас како агенција, но и за Македонија, бидејќи сите кои воопшто влегоа во овој натпревар се веќе етаблирани и докажани во светски рамки со своите кампањи, брендови и клиенти. Знаеме дека оваа индустрија е една од најбрзо растечките, тука иновацијата и креативноста се дел од секојдневието, но истотака тука е и потребата да се достават вистински резултати за клиентите. Целта на МекКен Ериксон Скопје е да работи токму според овие светски стандарди, што оваа награда тоа и го потврдува. ”

Медиа Фестивалот во Валенсија, за првпат беше организиран во 2007 година. Истиот е во соработка со светски реномираниот магазин Advertising Age.

За повеќе информации Ве молиме обратете се на:

McCann Erickson Group Skopje – Лица за односи со јавност

Ирина Маја
тел.: + 389 2 30 600 93, факс: +389 2 30 603 73
Рузвелтова, 33 1000 Скопје
e-mail: irina_maja@mccann.com.mk

Билјана Дојчиновска
тел.: + 389 2 30 600 93, факс: +389 2 30 603 73
Рузвелтова, 33 1000 Скопје
e-mail: biljana_dojcinovska@mccann.com.mk

За повеќе информации за фестивалот и наградите:

Festival of Media Awards
http://www.festivalofmediaawards.com/winners_jury_peoples

 

Copyright © 2009 selotejp.com