-->

Свинскиот грип пристигна во Европа

Свет, 27 април, (Нетпрес) - 23-годишен Шпанец е првиот човек заразен од свинскиот грип, 31-годишна Италијанка е хоспитализирана во болницата во Венеција, поради тоа што се сомнева дека е заразена од свинскиот грип.

Според медиумите 23-годишниот пред неколку дена се вратил од посета во Мексико. Тој е хоспитализиран во болница и ги има истите симптоми на заразеност од грипот. Исто така се сомнева дека уште 17 лица од Шпанија се заразени од свинскиот грип но ова информација сеуште не е потврдена. Тројца Британци за кој се сомневаше дека се заразени од свинскиот грип по направените тестови тие се негативни.

31-годишна Италијанка е хоспитализирана во болницата во Венеција, поради тоа што се сомнева дека е заразена од свинскиот грип. Нејзината здравствена состојба се наоѓа вон животна опасност.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, пред неколку часа Италијанката се вратила од Сан Диего, Мексико и имала висока температура. После повикувањето на брзата помош жената е префрлена во болница и се прават дополнителни анализи, за да се потврди дали се работи за заразеност од вирусот.

Се до сега шест случаи на заразени од свински грип се потврдени во Канда, десет во Нов Зеланд, и еден во Шпанија. Сите заразени лица се вратиле од Мексико пред неколку дена.

 

Copyright © 2009 selotejp.com