-->

Во Стразбур Македонија ќе ја брани цел адвокатски тим

Наместо еден адвокат како до сега, пред судот во Стразбур Македонија ќе ја брани цел тим. Министерството за правда подготви закон за застапување на државата пред судот за човекови права.

Ќе се формира ново Биро за застапување за да поуспешно ја одбрани државата од големиот број жалби од граѓаните. Во лошата одбрана се гледа најголемата вина за пресудите во кои се констатира кршење на човековите права.

- Сигурно на овој начин ќе се намали бројот на пресуди против државата - тврди министерот Маневски.

Европскиот суд до крајот на 2008-ма имал 1030 нерешени предмети против Македонија. Лани беа донесени 15 пресуди, а примени 395 нови тужби. За новото биро ќе треба да се потрошат над половина милион евра во наредните 3 години. Но се прават и напори што помалку да бидат кршени човековите права пред македонските судови.

Министерството подготвило и закон за извршување на пресудите на Судот за човекови права.

 

Copyright © 2009 selotejp.com