-->

Рахми Коч е најголемиот плаќач на даноци во Турција


11 април, (Нетпрес) - Бизнисменoт и претседател на компанијата “Коч холдинг“, Рахми Коч, е најголемиот плаќач на данок во Турција за 2008 година, објавуваат турските медиуми.

За 2008 година од приходите на Рахми Коч, бил платен данок во износ од околу 18 милиони турски лири.

Коч беше на прво место на списокот на најголеми плаќачи на данок во турскиот главен град, Анкара, но посочената сума го стави на првото место во цела Турција.

Лидер на списокот на најголеми плаќачи на данок во Истанбул, пак, е сопственикот на медиумската групација “Доган холдинг“, Ајден Доган.

 

Copyright © 2009 selotejp.com