-->

Батерии на метанол

Одделот на Samsung кој се занимава со развој на LCD, OLED, AMOLED панели за телевизори и монитори, како и со развој на најнови батерии, на јавноста и го презентираше своето најново решение наречено Direct Methanol Fuel Cell.

Како и многупати до сега, приликата да си поигра со најновата технологија прво ќе ја има војската, но после тоа се очекува и нејзиното појавување на класичниот комерцијален пазар.

На саемот Green Energy Exро кој заврши пред 3 дена во Јужна Кореја, Samsung SDI го претстави своето најново батериско решение наречено DMFC (Direct Methanol Fuel Cell). Ќелиите се напојуваат со метанол и дестилирана вода, а енергијата се создава со нивна хемиска реакција.

Со едно полнење на ова решение се овозможува напон од 1.800 W во траење од 72 часа, по што е потребно ново полнење на ќелиите со метанол и вода. Една DMFC батерија тежи околу 7.2 килограми. Практичната примена на батеријата во воените институции ќе започне од идната година, по што Samsung ќе претстави и комерцијално решение за широките народни маси.

 

Copyright © 2009 selotejp.com