-->

Гејминг и зависност

Новата студија покажа дека скоро секое десетто дете во САД кое игра видео игри покажува класични знаци на зависност, лаже за својата зависност, не може да ја контролира, па дури и краде за да набави нови видео игри.

Студијата на докторот Даглас Гентајл, професор по психологија на Универзитетот во Ајова е објавена во Psychological Science.

- "Ја спроведовме студијата за да откриеме дали видео игрите се проблем кој заслужува поголемо внимание", изјави Гентајл. "Можеме да заклучиме дека секој десетти млад играч има проблеми поради претераното играње видео игри", обаснува Гентајл.

Научниците при изработка на студијата користеле податоци од анкета во која биле вклучени скоро 1.200 деца на возраст од 8 до 18 години. Анкетата покажала дека скоро 88% од децата во САД повремено играат видео игри и дека просечното дете со нив проаѓа околу 13 часа неделно.

Тоа значи, предупредува доктор Гентајл, дека на повеќе од три милиони деца во САД најверојатно им треба помош.

Зависници од игрите најчесто се момчињата. Играчите кои покажуваат знаци на зависност, дневно поминуваат по 3,5 часа на видео игрите.

Последиците од претераното играње може да бидат намалено внимание во училиште, послаби оценки, но и здравствени проблеми. Патолошките играчи се двојно повеќе изложени на опасноста од пореметување на вниманието.

 

Copyright © 2009 selotejp.com