-->

Житарките содржат повеќе шеќер од сладоледот

Некои од житарките за деца содржат многу поголема количина шеќер отколку една чаша сладолед, покажа последното научно истражување.

Студијата, објавена во британскиот Daily Mail откри дека повеќето житни снегулки имаат мал број квалитетни нутриенти, а само осум отсто од испитаните производи имаат здрава количина на шеќер.

Од 100-те најпопуларни житарки, колку што биле испитувани, дури 31 отсто содржат повеќе од четири мали лажици шеќер по сервирање, а една мала лажица има околу четири грама шеќер.

Истражувањето исто така покажало дека дел од житните снегулки пак кои не изобилувале со шеќер, во голем број случаи изобилуваат со соја.

На црната листа на житарки со нездрави состојки се најдоа и производите на „Kellogg's“ и „Nestle“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com