-->

Колку калории има алкохолот?

Околу 40% од луѓето не знаат дека чаша вино има подеднакво калории (120) како и парче торта или дека големо пиво и колбас содржат ист број калории (170), покажува истражувањето на британското министерство за здравство.

Истражувањето спроведено во Англија помеѓу две илјади возрасни лица е дел од владините настојувања да се намали навиката на пиење алкохол.

Во кампањата исто така се нагласува дека по големата количина пиење често следи и нездрав доручек што дополнително придонесува кон нафрлањето килограми.

Истражувањето покажало дека обожавателите на пивото кои пијат пет пива неделно, односно 250 годишно внесуваат иста количина калории како и некој кој во текот на годината јаде 221 крофни.

 

Copyright © 2009 selotejp.com