Солзите на еден од пациентите за време на денешната велигденска средба со свештеникот од Брегалничката епархија кажуваат се. Подобро се поднесува маката кога има со кого да се сподели.
Здравјето ми се подобрува полека, но уште имам проблеми со кашлицата вели пациент по разговорот со свештеникот.
За овие луѓе, чија надеж е дека наскоро ќе ги напуштат просториите на болницата во Штип, топлиот збор на свештеникот од брегалничката епархија кој на денешниот прв празничен велигденски ден ги посети дарувајќи им велигденски јајца е еднаков и на моменти посилен од медикаментите.
Најубаво е кога на болен човек ќе му дадеш надеж со божиот збор вели еден од пациентите во Штипската болница, навистина овој разговор со попот духовно не олеснува и ни ја дава толку потребната утеха дополнува друг, топлиот збор има чудесни својства да лечи констатира свештеникот Николче Горгев кој денеска разговараше со пациентите во Штипската болница.
Затоа, иницијативата на брегалничката епархија, нивен свештеник еднаш неделно да биде помеѓу пациентите ја одобри тамошното раководство.
Од скоро време ја започнавме соработката дополнува свештеникот Ѓоргев.
Во меѓувреме, овие средби со поповите од Брегалничката епархија остануваат само за празничните денови кои во Април и почетокот на мај ги има доста. Затоа и божиот збор тука ќе се слуша почесто.
Свештениците од штипската епархија ги посетија болните во градската болница
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)