-->

Вештачки мозок, наскоро

Силиконски чип произведен од група европски научници може да го имитира процесот на учење во човечкиот мозок, но работи дури 100 илјади пати побрзо од нашите мозоци. Се надеваме дека со неговата употеба подобро ќе го разбереме функционирањето на различните делови од нашиот мозок, а технологијата може да се искористи и за контрукција на побрзи и помоќни компјутери.

„Исто така, овој чип има помал број на неврони отколку во просечниот човеков мозок, а неговиот дизајн овозможува надоградба“, изјави Карлхајнц Мејер, физичар од Универзитетот во Хајделберг и еден од соработниците на проектот FACETS.

Овој чип, кој има 200.000 неврони поврзани со помош на 50.000 синаптички врски, го симулира процесот на учење кај луѓето. Меѓутоа, тимот на стручњаци тврди дека тие не се обидуваат да ја симулираат работата на нервните ќелии, туку да направат вештачки неврони во кои се случуваат исти активности како и во вистинските човечки нервни ќелии. Невронскио круг се состои од сто компоненти додека синапсите се составени од дваесеттина компоненти.

„Предноста на овој пристап е во тоа што со него можеме верно да ги копираме структурите налик мозокот, па нашиот прототип работи сто илјади пати побрзо од човековиот мозок. Затоа можеме да симулираме целодневно искуство за само една секунда“, објаснува Мејер.

Научниците и порано се обидуваа да симулираат функционирање на нервен систем, а еден од таквите проекти беше и швајцарскиот Blue Brain, кој користеше огромен број на биолошки датотеки со цел во компјутер на IBM да го имитира работењето на човековиот мозок што пореално.

Според тврдењата на Томас Сера, истражувач од легендарниот MIT, човечките неврони се прилично спори во споредба со компјутерите. Сепак, научниците признаваат дека проектот има и свои мани бидејќи во еден ваков, вештачки мозок не можат да се симулираат поединечните услови во кои човечкиот мозок може да делува. На пример, нашата перцепција се менува кога мозокот е под влијание на дрога, што е невозможно да се испита кај вештачкиот мозок.

Чипот сеуште се тестира, така што набрзо нема да биде составен дел од нашите компјутери. Сепак, истражвачите планираат во наредните експерименти да направат суперчип со дури милијарда неврони.

 

Copyright © 2009 selotejp.com