-->

Официјален старт на BlackBerry App World

По примерот на App Store на Apple, компанијата RIM која го произведува BlackBerry ја пушти во употреба интернет продавницата со апликации за нивниот производ.

BlackBerry App World нуди нешто подобри услови за програмерите на апликации. Имено, за разлика од Apple, кој зема 30% од продажбата на одредена апликација програмирана од некој кој не е вработен кај нив, RIM оваа стапка ја постави на 20% што значи дека дури 80% од профитот остварен преку продажбата на одредена апликација ќе оди директно кај сопственикот т.е. програмерот на истата.

Кога станува збор за корисниците, ова се одлични вести бидејќи веќе се појавија многу интересни апликации, а можеме да очекуваме дека нивниот број набргу ќе порасне значително. Па така, во BlackBerry App Store веќе се најдоа Facebook, Google Talk, ICQ, Yahoo Messenger и други корисни апликации. Многу од нив се бесплатни, а купувањето на оние кои се плаќааат се врши со помош на PayPal.

 

Copyright © 2009 selotejp.com