-->

Бабичка и на 83 години работи како инструктор по јога

Бет Келман изгледа како и секоја друга 83 – годишна баба, но е далеку поеластична од многу помлади луѓе од неа, затоа што таа се уште работи како инструкторка по јога.



Австралијката од Вилијамстаун, и во 83 – тата година држи до себе, се шминка, и сака да носи бисери. После 40 години вежбање јога, таа е жив доказ дека овој индиски склоп на физички вежби ќе ве одржи витален и еластичен до староста.

Додека другите луѓе на нејзини години во главно се жалат на болки и болести, Бет повеќе се грижи како да одржи рамнотежа и цврстина во одредена положба. Таа се уште без проблем ги изведува и најтешките јога вежби, на пример ’паун’ положбата, при што телото е во вертикална положба, и се одржува така само со помош на силата на рацете.

Бет била една од првите Австралијки која во педесеттите години на минатиот век започнала да се занимава со јога, 33 години водела различни јога центри, а во седумдесеттите била редовен гостин по телевизиите, пренесува Daily Mail.

Денес таа се уште одржува околу 11 часа на разни групи, и не планира да престане. “Јогата ве одржува млади, никогаш не сум отишла на јога и да сум посакала да сум на друго место, затоа што знам дека после часот со јога, ќе си заминам чувствувајќи се фантастично.“

 

Copyright © 2009 selotejp.com