-->

Испил 8 шишиња вотка и преживеал

Павел Кондрајтев, 39 годишен Рус успеал да испие осум шишиња вотка и да остане жив. Во крвта имал количина на алкохол двојно поголема од смртоносната.

Пијаниот и несвесен Павел го пронашла полицијата како лежи во Екатеринбург. Лекарите прво мислеле дека човекот е во несвест поради удар во главата, но подоцна утврдиле дека испил "малку повеќе" вотка.

- "Кога му зедовма крв и ја тестиравме количината на алкохол, останавме без зборови" - изјави лекарот Станислав Чуршин. Лекарите претпоставуваат дека Павел преживеал поради својата конституција - висок е два метри и тежок повеќе од 100 килограми.

Моментално е во болница, каде се опоравува по "бурната" ноќ. Сеуште не успеал да се сети каде и со кого испил толку.

 

Copyright © 2009 selotejp.com