-->

Американка го продава својот 6-месечен син преку интернет


САД, 23 април, (Нетпрес) - Тексашката полиција ја бара жената која на он-лајн огласник објавила дека го подарува шестмесечниот син, бидејќи за него не може да се грижи.

“Знам дека ова што го правам не е најдобро решение, но, е подобро од колку да го фрлам своето дете во контејнер. Подарувам момче шест месеци тешко 12 килограми со смеѓа коса и зелени очи. Неговото име е Јакоб ако вам не ви се допаѓа може да го вратите“, стои во огласот. Огласот бил објавен во рубриката бесплатни работи.


 

Copyright © 2009 selotejp.com