Инжињерите од General Electric претставија диск на кој може да се складираат 500 гигабајти податоци, што е еднакво на количината податоци за кои ни се потребни 100 ДВД-а.
Овој микрохолографски диск со големина еднаква на обично ДВД е наменет за архивирање на податоци вo големите компании, но производителите се надеваат дека со тек на времето ќе почне да се користи и за лични потреби.
Blu-ray дисковите кои се користат за складирање на филмови и игри со висока резолуција моментално можат да соберат 25-50 гигабајти податоци.
Причината поради која микрохолографските дискови можат да складираат толку податоци е што складираат информации во три димензии, додека сегашните дискови податоците ги запишуваа во облик на вдлабнување на површината на дискот..
Иако оваа технологија сеуште е во зачеток, во General Electric веруваат дека многу брзо ќе се популаризира.