-->

49 кг на 180 см судејќи по Австралиска манекенка е репрезент за македонска жена!

Австралијка со наше потекло ја засенила победничката на изборот за Мис Универзум, но за жал со нејзината анорексична појава. Таа во финалето пред судиите прошетала како коска и кожа, а што е уште потрагично, сопственичката на лиценцата, Дебора Милер, е убедена дека Македонките така изгледаат.



Медиумите денес беа преплавени со веста за нејзината застрашувачка појава, ставајќи ја под знак прашалник дозволата за нејзино учество на изборот, но она што беше пласирано како одбрана од сопственичката на лиценцата, е дека македонските девојки изгледаат токму вака.

Стафани Наумоска, 19 – годишна Австралијка со македонско потекло, ја згрозила јавноста со својата исцрпена фигура, кога се прошетала по сцената на финалниот избор за Miss Universe Australia .

И покрај убавото лице и манекенска висина, 49 килограми на 180 см, дури и според стандардите на Светската здравствена организација, BMIМ се показател за похранетост. Границата е 18,5, а во случајот на Наумоска, индексот изнесува застрашувачки 15,1.



Па така оваа манекенка, оставила впечаток дека овој нејзин изглед е нормален за девојките од нашиот крај, па сопственичката на лиценцата Дебора Милер, убедена во тоа изјавила: “Таа е девојка со македонска потекло, и ако некогаш сте отишле таму, би знаеле дека тоа е македонски тип на тело. Тоа е едноставно нивен тип на тело, и таа нема никакво пореметување во исхраната.“

Не знаеме дали Наумоска има или нема пореметувања во исхраната, но она што ние овде го знаеме е дека вакво тело, исцрпено и налик анорексично, дефинитивно не е репрезент за македонските девојки. Изгледа дека Дебора Милер воопшто била во Македонија штом дошла до ваков заклучок, најверојатно таа само ја бранела манекенката.

Во конкуренцијата од 7000 пријавени убавици, титулата за Мис Универзум Австралија, ја понела 21 – годишната Рејчел Финч., која за светската круна ќе се бори на 28 август на Бахамите.




 

Copyright © 2009 selotejp.com