-->

Страшен судар при брзина поголема од 300 км/час

Наскар е вистински адреналински удар, а како изгледа кога ќе се судрат две супер брзи машини пред самиот финиш на трката, од кои едната лета високо над земја, можете да погледнете во видеото.



Бред Кесловски и Карл Едвардс се судриле при брзина поголема од 300 км/час. Неколку метри пред целта болидот на Едвардс со спектакуларен лет се заби во заштитната ограда и при тоа од парчињата кои летнале биле повредени седум гледачи.

“Дури кога некој ќе погине, Наскар ќе промени нешто.“- изјавил Едвардс на крајот на лудата трка после која за среќа поминал без посериозни повреди.



 

Copyright © 2009 selotejp.com