-->

МР3 плеер за оние кои мразат кабли

Не можете да вежбате без музика? Истражувањата покажуваат дека МР3 плеерот е задолжителна опрема за секој посетител на теретана, љубител на ролери или џогинг. Но, слушалките и каблите понекогаш знаат да бидат вистинска гњаважа.

Тука на помош доаѓа Sony, кој го смести МР3 плеерот во слушалките на новиот W Series Walkman, со што ја елиминираше потребата за кабел и ќе го олесни животот на сите кои сакаат да слушаат музика додека се занимаваат со некаква физичка активност.

Нормално дека тоа не е се. Благодарение на додатокот Quick Charge, можете за три минути да го наполните овој Walkman со енергија доволна за негово 90-минутно користење, а ако го оставите на полначот 90 минути, ќе ве служи и забавува цели 12 часа без престан.

Капацитетот на уредот е 2 гигабајти, а цената му се движи околу 2.900 денари. На пазарот постојат и поефтини МР3 плеери, но ниту еден не е толку функционален и практичен како додаток на некоја физичка активност. Достапен е во розева и црна варијанта, а низ нашите продавници го очекуваме со нетрпение. Кога ќе се појави, не е познато :)

 

Copyright © 2009 selotejp.com