Пронајдени дополнителни 290 км од Кинескиот ѕид
Новите истражувања покажале дека Кинескиот ѕид е подолг за 290 км од она што се мислеше. Екстра километрите од споменикот се најдени после 2 години испитувања.
Археолозите, под покровителство на кинеската влада, користеле инфрацрвени трагачи и GPS. После две години тие ги откриле дополнителните 290 км ѕид кои ги сокриле планини, реки. Новооткриените делови, од планината Ху во северната провинција Liaoning, до преминот Jiay во западната провинција Ганса, изградени се за време на династијата Минг. Со текот на времето ѕидот го покриле песочните бури. Кинеските владетели почнале да го градат уште пред 2000 години како би се заштитиле од напаѓачи. Тој е дол околу 6300 км а се простира преку северниот дел од земјата.
Проектот на владата ќе продолжи уште година дена за да се одбележат деловите кои се изградени за време на династијата Чин и Хан. Деловите од ѕидот во Ганса се затрупани со песок и би можеле потполно да исчезнат во наредните 20 години. Археолозите за тоа ги обвинуваат деструктивните земјоделски методи во 50 – те години од минатиот век кои опустошиле големи подрачја во северна Кина.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)