-->

Момче од 26 години во тело на 2 годишно дете

Jerly Lyngdoh од Индија изгледа како и секое дете, со малечка глава, високо скоро 84 сантиметри и тежина 10 кг, но тој ги има 26 години.



Jerly Lyngdoh од Meghalaye Индија, потполно ги збунил тамошните доктори. Момчето од 26 години во тело на двегодишно дете изгледа како и секое друго бебе, со мала глава висина од 84 сантиметри и тежина од 10 кг.

“Неговите детски црти се неверојатни, а единствено нешто што дели со возрасните се забите. Тој е вистинска реткост. “- изјавил педијатарот J. Ryndong.



Експертите сметаат дека момчето боледува од намалено лачење на хормонот за раст, на жлездата хипофиза. Тој е ментално на ниво на двегодишно дете, а не може ни да зборува. Во соработка со докторот H. Girijem, Ryndong го истражува пореметувањето. Сите шест браќа и сестри на момчето се здрави, без никакви физички и психички пореметувања. Родителите не забележале ништо чудно после неговото раѓање. Мајката се посомневала дека има епилепсија. Таа немала пари за доктори па го носела кај алтернативни доктори.

“Нашето семејство сметаше дека Jerly донесе несреќа во семејството. Сакаа да се ослободиме од него, но јас тоа го одбив.“- раскажала мајката.

Со помош на хуманитарни организации тој бил сместен во болница во Shillong, каде што се лечел 17 месеци. Од таму го испратиле во друга болница во Ganesh. Тој денес живее со родителите на село.



 

Copyright © 2009 selotejp.com