-->

Сончева апокалипса во 2012

Можете ли да замислите целиот свет само на неколку минути да остане без електрична енергија, комуникации, сателити, мобилни телефони, GPS, интернет, телевизија, радио...?

Научниците тврдат дека ова би било рамно на нуклеарна катастрофа од која Земјата би се опоравувала со децении, а во првата година после едно вакво случување развиените земји би влегле во економски кризи од катастрофални размери. Причина за сето ова би можела да биде соларна супер-бура.

Спектакуларна појава
Ваквите бури се последица на магнетните активности на Сонцето и се редовна појава која на Земјините полови е видлива како поларно светло. За време на нешто посилните бури, може да се случи пореметување на работата на сателитите, а пред неколку години во Канада една таква бура предизвика горење на дел од електроенергетскиот систем, при што 9 милиони луѓе останаа без струја.

Станува збор за експлозии на површината на Сонцето по кои се исфрлаат големи количини на јонизирани гасови (плазма) со многу голема температура и брзина или пак за силни продори на енергетски честички и икс-зракови. За време на соларниот циклус кој трае 11 години се случуваат вкупно околу 35 илјади такви продори.

Овие денови магазинот New Scientist објави дека научниците пресметале дека Земјата во 2012 година би можела да биде мета на една сончева супер-бура, каква што се случува еднаш на 500 години. Последен пат кога една вака силна бура ја погодила Земјата било на први септември 1859 година и според записите на астрономите и очевидците, станувало збор за спектакуларна појава. Тогаш 15-годишниот стар телеграфски систем потполно се пореметил, а големиот набој кој на одредени места ги допрел жиците предизвикал нивно целосно горење.

Поголеми штети од оваа бура и неможело да има, бидејќи светот во тоа време зависел од технологијата која ја движи парната сила, за разлика од денешно време кога ефектите од дејството на една ваква бура би биле далеку полоши за цивилизацијата.

Крај на цивилизацијата
Светот буквално би останал без електрична енергија на која се темели нашето постоење, а после неколку денови би пресушиле славините и би откажала секоја друга инфраструктура од која зависиме. Храната не би можела да се преработува, не би постоеле телефоните, болниците не би можеле да работаат, патувањето со авион би било невозможно...

Човечкиот род на крај би се опоравил од една ваква катастрофа, но за ова би биле потребни децении. Научниците претпоставуваат дека во една ваква катастрофа потешко би настрадал развиениот свет кој повеќе зависи од современата технологија, а сиромашните земји би се снашле полесно. Во сето ова, утешниот момент е дека веројатноста ова да се случи е 1 : 1.000.000. Ама, сепак, колкава и да е - постои.

 

Copyright © 2009 selotejp.com