-->

Авто шоу Њујорк 2009

Њујорк, 14 април, (Нетпрес) - Многу нови модели на автомобили биле презентирани на Авто шоу Њујорк 2009, кое трае до 19 април, годинава.



Германскиот производител “мерцедес“ го претставил својoт прв хибрид МЛ450, но и спортскиот Е63 AMG, кој има работна зафатнина на V8 моторот од 6.3 литри.

Американскиот производител “џип“ го претставил својот нов 2011 Грaнд Чироки.

Во фантастичните новитети, не изостанал ниту “бмв“, чиј модел X6 М, едноставно ги оставил без здив посетителите. Новиот теренец на “бмв“ го придвижува V8 мотор, со јачина од 555 коњски сили.





 

Copyright © 2009 selotejp.com