-->

Ден на жалост денес во Италија, погребани 200 жртви од земјотресот

Погребот на загинатите лица во еден од најголемите земјотреси во Италија во последните 30 години започна денес во 11 часот. На погребот се собраа околу 10.000 лица, меѓу кои и италијанскиот премиер Силвио Берлускони.




Денеска во Италија е нациноален ден на жалост поради загинувањето на повеќе од 280 лица во катастрофалниот земјотрес кој пред пет дена го погоди централниот дел на земјата. Ќе биде одржана и заедничка миса за настраданите на денешниот католички Велики Петок, со специјално одобрение од Ватикан.



Погребувањето на жртвите почна во средата, а според најавите, потрагата ќе продолжи до Велилгден во недела, иако од вторникот вечер од под урнатините не е извлечен ниту еден преживеан. Локалните власти соопштија дека сите училишта во областа ќе останат затворени до 15 април.

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони изјави дека во обновата на историските споменици разурнати во земјотресот во централна Италија најверојатно ќе учествуваат и други земји.



На прес-конференција во Аквила, градот кој најмногу настрада во земјотресот, Берлускони рече дека странските влади долгорочно би можеле да и помогнат на Италија во спасување на културното наследство во регионот Абруцо.



Во целата трагедија полицијата на Италија морала и да се справува и со луѓе кои сакале да се обогатат од туѓата несреќа. Полицијата уапсила четворица Романци кои краделе од куќите оштетени во земјотресот во мало место покрај градот Аквила.

Романците биле фатени додека краделе во една куќа во гратчето Сан Панфило ДжОкре. Постојат претпоставки дека провалниците влегле внатре користејќи клуч што им го дала нивната соработничка, која работела како негувателка на стари лица.





 

Copyright © 2009 selotejp.com