Во вториот четвртфинален натпревар од плејофот на Источната конференција на НБА лигата, утрово Кливленд на домашен терен го совлада Детроит со 94:82 и поведе со 2:0 во серијата која се игра до четири победи.
Втора победа во четвртфиналната серија, но во Западната конференција, остварија и Лејкерси, откако утрово во Лос Анџелес ја совладаа Јута со 119:109.
Портланд ја искористи предноста на домашен терен и во дуелот со Хјустон славеше победа со 107:103 со која изедначи на 1:1.
Во наредните натпревари кои се играат во петок, домаќини се Детроит, Јута и Хјустон.