-->

Рон Денис се откажа од Формула 1

Ко-сопственикот на екипата Мекларен, Рон Денис, објави комплетно повлекување од спортот во кој започна како механичар во 1966 година, а продолжи како сопственик на екипа од 1980 година.

На изненадно закажаната прес конференција в четвртокот наутро, медиумите му предвидуваа дека јавно ќе ја преземе вината за последните случувања, кои еволвираа во скандал поради давањето лажни изјави на стјуардите на ФИА, а со цел да се спаси Мартин Витмарш, кој е под истрага на федерацијата. Денис демантираше дека оваа одлука е поврзана со нешто, туку дека е негова лична желба, а Витмарш го унапреди од тимски шеф во извршен директор на Мекларен Рејсинг, давајќи му на тој начин целосна поддршка.

Витмарш беше крај него, иако четврток наутро е термин кога веќе треба да биде на автодромот каде што е неговиот тим, а кој се наоѓа во Шангај, каде викендов се вози трката за Големата награда на Кина. Сослушувањето во ФИА, каде што Мекларен е поканет да се појави, е закажано за 29 април во Париз.

 

Copyright © 2009 selotejp.com