-->

Најголем скок на Дау Џонс од 1938 година

Се стабилизира ли постепено американската економија? Изминатите 6 недели индексот Дау Џонс на Вол Стрит порасна за 22,7%, што е најмногу од јуни 1938 година.

На светските берзи цените на акциите растеа шест недели по ред и неделава Дау Џонс порасна на 8.131 поен или за уште 0,6%. За 1,5% порасна и стандардниот курс, на 869 поени и индексот Насдаг за 1,2% или на 1.673 поени.

Скокнаа акциите и на европските берзи. ДАКС индексот на франкфуртската берза порасна за 4,1%, на 4.676 поени, додека парискиот ЦАЦ индекс за 3,9% на 3.091 поен. Лондонскиот ФТСЕ индекс порасна за 2,7%, на 4.092 поени. Само НИКЕИ индексот на токиската берза минатата недела падна за благи 0,11%, на 8.907 поени.

Goldman Sachs, JPMorgan, Citigroup, Google, Harley-Davidson i General Electric минатата недела информираа за подобри резултати во првото тримесечје од очекуваните, иако добивките на компаниите се помали во однос на лани. Ова кај аналитичарите влева надеж дека се стабилизира ситуацијата во американскиот банкарски системи и во стопанството. Инвеститорите задоволни од минатата недела во која технолошкиот сектор е со најголеми добивки. Очекуваат и другите технолошки компании да објават позитивни резултати од работењето.

 

Copyright © 2009 selotejp.com