-->

И отстраниле тумор тежок 18 килограми

Германски хирурзи објавија дека на пациентка од Саудиска Арабија успеале да и отстранат тумор тежок 18 килограми.

Берлинскиот хирург Хениз Хениз Зурбруег изјави дека 35-годишната жена, чие име не е објавено, имала само уште неколку недели живот, кога дошла на лечење во Германија.

Докторот објаснил дека после пет операции, таа повеќе немала траги од туморот кој растел од нејзините препони и претставувал третина од нејзината целокупна тежина.

И самата пациентка изјавила за медиумите дека не може да поверува до која големина пораснал туморот и дека по операцијата се чувствува како повторно родена.

Тим од лекари истакнаа дека жената добро опоравува, а следниот чекор е реконструкција на делумно отстранетите препони.

 

Copyright © 2009 selotejp.com