Германската полиција го решила четирикратното убиство во градот Eislingen. Во семејната куќа, полицијата мината недела го пронашла мртво целото семејство. Сопствените сестри и родители ги убил 18 – годишниот Andreas H. со помош на својот пријател Frederik B..
Anne Marie (22) и Ann Christine (24) се убиени на таванот на куќата, во собата каде што заедно гледале телевизија. Тој им испукал неколку куршуми во главата, потоа ја напуштил куќата и тргнал кон блискиот ресторан. Таму се сретнал со своите родители Ilsa (55) и Hansjürgen (57). Тој ладнокрвно седел со нив на маса. Јадел и после еден час се упатил назад кон куќата. Тој го наполнил оружјето и ги чекал, штом влегле во куќата, ги убил. Во нив испукал 30 куршуми.
Момчињата се ослободиле од облеката и оружјето, се ставиле во пластична кеса и го однеле во шумата. Таму во нивното засолниште чувале цел арсенал со оружје. Полицијата утврдила дека оружјето е украдено минатиот септември од една локална продавница за оружје.
Andreas после ова се вратил дома, и ја известил полицијата дека го пронашол целото семејство мртво. После истрагата, момчето било уапсено. Тој негира се, и тврди дека не е виновен. Погребот на неговите родители е денес, тој побарал од судијата да му дозволи да отиде за се поздрави за последен пат со родителите, но судијата не му дозволил.