Во првиот квартал од годинава, продажбата на автомобили во Европа паднала за 17,2 проценти во однос на истиот период минатата година. Во ЕУ, во првиот квартал се регистрирани 3.439.720 возила, во однос на 4.154.778 минатата година.
Најлоши податоци се однесуваат на Исланд, каде автомобилскиот пазар доживеа вистински дебакл со пад на продажбата од неверојатни 91,3%. Ситуацијата не беше многу подобра ниту во Романија (пад од 60,7%), Литванија (70,2%), Естонија (64,2%) и Ирска (64,9%).
Пад почувствуваа и Шпанците (43,1%), како и Британците (29,7%). Сепак, најдобри резултати се забележани во Германија, која воведе план се поттикнување на продажбата на нови автомобили, па продажбата забележала пораст од импресивни 18% во однос на истиот период лани.