-->

Одбрани 16 финалисти за ’работно место од соништата’

Организаторите на конкурсот ’најдобра работа на светот’ – чувар на австралискиот остров во Големиот корален гребен – соопштија денес дека одбрале 16 финалисти од околу 35 000 кандидати.



Финалистите потекнуваат од 15 земји, а меѓу нив покрај другите се и германска актерка, новинар од Канада, студент од Франција, Британец кој работи за една хуманитарна организација, една жена од Хрватска и двајца кандидати од Австралија.

Конкурсот за чувар на рајскиот остров Хамилтон го организирала австралиската држава во Квинсленд во рамките на промоција на туризмот.

За плата од 76.500 евра за 6 месеци работа, чуварот ќе има задача да ужива во убавините на островот, да нурка, едри, да го снима подводниот свет и за сето еднаш неделно тоа да поднесува извештај на интернет.

На почетокот на мај финалистите ќе отпатуваат на островот, каде до 6 мај ќе биде соопштено името на победникот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com