
Пијаниот човек од југот на Полска во местото Nowy Targ се качил на електричен столб, и така се обидел да се излечи од неговиот страв од висина. Меѓутоа, која стигнал до врвот, толку многу се исплашил, што повеќе никако не сакал да се симне.
Електростопанството било присилено да реагира заради неговата сигурност и сигурноста на спасувачката екипа. Околу десет илјади домаќинства во тој момент останале без електрична енергија.
Роднината на пијаниот човек го убедил несреќникот да се симне кога му кажал дека на пат се снимателски екипи, па Полјакот се исплашил дека сопругата ќе го види на телевизија. Но соочувањето со сопругата веројатно нема да може никако да го избегне со оглед на тоа што за трошоците на спасувачката екипа и за прекинот на електрична енергија тој е должен висока сума на пари.